X
 08.07.2022 Живот

Најубавите плажи што можете да ги посетите во регионот

Во регионот има летувалишта со прекрасни плажи. „ТУ магазин“ состави листа со најубавите плажи во регионот во кои може да уживате ова лето.

Златен 'Рт, Хрватска

Ова веројатно е најпозната плажа на Јадранското Море, а е сместена во местото Бол, на јужниот брег на Брач. Плажата има впечатлив облик кој се менува со приливот и одливот и е идеална дестинација за љубителите на водените спортови.



Опрна, Хрватска

Плажата Опрна се наоѓа во мал залив во близина на местото Стара Башка. Таа е прилично непристапна, но туристите одат таму поради нејзината убавина. Плажата се смета за најубавата на островот Крк.



Јаз, Црна Гора

Јаз е плажа која се наоѓа на околу 2,5 километри западно од Будва. Плажата е една од најубавите и најпопуларни во Црна Гора, а покрај неа има и шеталиште со ресторани и кафулиња.



Свети Стефан, Црна Гора

Плажата се наоѓа до познатиот остров-хотел и е составена од два дела кои се одвоени со мост кој води до островот. Левата плажа е градска, а десната му припаѓа на хотелот.



Копакабана, Црна Гора

Таканаречената јадранска Копакабана се наоѓа во Улцињ. Долга е 13 километри и е прекриена со ситен песок. Од градот е оддалечена околу 5 километри, а се проценува дека може да собере околу 150.000 посетители.



Ксамил, Албанија

На југот на Албанија се наоѓа местото Ксамил кое е едно од најпосетуваните одморалишта во Албанија. Плажите се песочни, морето е кристално чисто, а природата недопрена. „Гардијан“ ја вклучил оваа плажа во листата со најповолни дестинации за летување.



Извор: TU magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот