X
 30.12.2020 Живот

Македонец ја нуди својата куќа за погодените од земјотресот во Хрватска: „Дојдете, ќе платам и патни трошоци“

По разорниот земјотрес што ги погоди Петриња, Сисак, Глина и други околни места во Хрватска, реагираа хуманитарци од целата земја. Секој сака да помогне и да им понуди сместување, превоз и други потребни работи на луѓето што останале без речиси ништо, па сè повеќе луѓе нудат помош преку социјалните мрежи.

Бранот на добрина се прошири низ другите земји, најмногу од оние во регионот. Во рамките на фејсбук-групата „Земјотрес на локацијата Петриња“ беше објавен статус што допре до многу срца.

Имено, Денис Синед сподели дека ја нуди својата куќа во Скопје, а и ќе плати за патните трошоци.

- Ја нудам мојата куќа во Скопје (Македонија), за 8 лица во период од 6 месеци (предност имаат луѓето со мали деца), а подготвен сум да ги платам и патните трошоци. Кога јас бев во тешка ситуација, една личност од Хрватска многу ми помогна, тоа никогаш не можам да го заборавам. Бог нека биде со вас, браќа и сестри, нека ме контактираат сите заинтересирани во инбокс. Мислиме на вас, поздрав од Македонија - напиша Денис.

denis
Фото: Screenshot/Facebook

Овој негов статус предизвика вистинско воодушевување на социјалните мрежи.

- Тоа е срце македонско. Таму каде што вечното сонце свети, таму е нашата братска Македонија. Фала, фала - коментира еден интернет-корисник.

- Брате, крал си... Симнувам капа. Поздрав од Умаг - пишува друг.

- Благодарам, плачам и не ми се верува... Има надеж за нас, сè уште има добри луѓе - пишува трет.

Извор: Slobodnadalmacija.hr
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот