Астронаутот Султан Ал Нејади од Обединетите Арапски Емирати ја направи оваа прекрасна фотографија од супермесечината на 3 јули 2023 година, од Меѓународната вселенска станица.
Астронаутите што се наоѓаат на Меѓународната вселенска станица имаа одличен поглед на полната месечина овој месец.
- Иако сме овде горе во вселената, сè уште сме на прилично растојание од Месечината - напиша Ал Нејади на неговиот твитер-профил.
Во понеделникот полната месечина беше најблиску до Земјата, поради што изгледаше поголема и посветла од вообичаено. Кога се случува тоа, полната месечина се нарекува и супермесечина, а оваа година ќе се случат уште три.
- Ние сме на надморска височина од околу 400 километри од Земјата, додека просечното растојание помеѓу Земјата и Месечината е околу 384.000 километри - напиша Ал Нејади. За споредба, супермесечината во понеделникот беше на 361.934 километри од Земјата.
Извор:
Space.com
Фото: Twitter