X
 28.12.2018 Наука

НАСА оди подалеку од кога било - ќе се приближи до таинствен вселенски објект

Научниците на НАСА се на чекор да направат неверојатен подвиг со испраќање летало покрај мистериозниот предмет што ја надминува орбитата на Плутон.

Ако прелетувањето оди според планираното, тоа ќе биде најдалечниот објект во вселената што човештвото некогаш се обидело да го посети. Леталото на НАСА, „Нов хоризонт“, кое содржи нуклеарно оружје, ќе се обиде да маневрира токму на Нова година. Објектот што се приближува се нарекува „Ултима Тули“ или „2014 MU 69“, како што е официјално познат.

НАСА не знаела за постоењето на „Ултима Тули“ кога „Нов Хоризонт“ бил лансиран кон Плутон во 2006 година, ниту постоел сигурен начин да биде откриен, откако астронаутите излегле од вселенскиот телескоп „Хабл“ во мај 2009 година и ставиле наградена камера.

1
Фото: NASA


„Хабл“ првпат го фотографирал објектот во јуни 2014 година - една година пред „Нови Хоризонти“ да прелета покрај Плутон. Сега, 4 милијарди оддалечен од Земјата, „Нови Хоризонти“ го има објектот во негов видик.

Токму длабоката неизвесност поврзана со „Ултима Тули“ предизвикува возбуда кај планетарните научни истражувачи како Алан Штерн.

-Ако знаеме што да очекуваме, немаше да одиме на „Ултима Тили“. Станува збор за објект што никогаш порано не сме го сретнале. Токму поради ова е истражувањето - вели Штерн.

Што е и каде се наоѓа „Ултима Тули“?

2
Фото: NASA


„Нови Хоризонти“ моментално патува низ областа наречен Куиперов појас, во кој сончевата светлина е силна приближно колку и полната месечина на Земјата. Тоа е подрачје со многу замрзнати остатоци од градежниот материјал на Сончевиот Систем. „Ултима Тули“ е еден од нив, зачеток на планета што никогаш не собрала доволно материјал за да се развие во целосна планета.

- Ултима е првото нешто што сме го запознале, а не е доволно голема за да имаме геолошки мотор како планетата и нешто што никогаш не било доволно загреано од Сонцето. Објектот е како временска капсула од пред 4,5 милијарди години. Затоа е толку посебен - вели Штерн и додава дека прелетувањето покрај овој објект е астрономски еквивалент на археолошко ископување во Египет.

- Тоа е исто како некој првпат да отвори гроб на фараон и да влезе внатре и да ја види културата каква што била пред 1.000 години. Освен што ова е истражување за зората на Сончевиот Систем.

Патување во непознатото

nasa
Фото: NASA

Во јуни оваа година „Нови Хоризонти“ се пробуди од шестмесечната хибернација за да се подготви за патувањето кон „Ултима Тули“. Тоа не било лесно бидејќи „Ултима Тули“ е околу 10.000 пати помала од Плутон и оддалечена од него 1,7 милијарда километри.

По низа проверки, во ноември биле запалени моторите на сондата за да може да се приближува кон тајниот објект. Во текот на оваа недела било заклучено дека нема месечини и други објекти на патувањето, па „Нови Хоризонти“ го задржува одреденото патување.

Прелетувањето треба да започне доцна на Нова година. „Нови Хоризонти“ би требало да почне да прави стотици фотографии во однапред одредена секвенција. Најблиску, околу 3.500 километри, ќе му се приближи околу 11 наутро на првиот ден од новата година. Првите фотографии би требало да бидат објавени на 2 јануари.

Преносот во живо можете да го следите на „Јутјуб“ на 1 јануари 2019 година околу 15:30 часот по наше време. Првиот сигнал од „Нови Хоризонти“ би требало да пристигне околу 16:00 часот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука