X
 27.11.2020 Живот

Астронаут од капсулата „Спејс екс“ направи неверојатно видео од нашата планета

Виктор Гловер, астронаут од НАСА и дел од екипажот на „Кру драгон“ на „Спејс екс“, заедно со уште двајца астронаути влезе во орбитата на Земјата и подоцна безбедно ѝ се приклучи на Меѓународната вселенска станица.

Гловер, првиот астронаут кој е Афроамериканец и кој се очекува да има продолжен, шестмесечен престој на вселенската станица, на својот твитер-профил неодамна објави видео од она што успеал да го сними на 400 километри над Земјата.

Снимката ја покажува Земјата во црната празнина на вселената.

- Гледам во Земјата низ прозорецот на „Драгон“. Перспектива што го одзема здивот! - пишува тој.

Мисијата на Гловер, наречена „Спејс екс Кру-1“, е првиот оперативен лет на вселенското летало „Кру драгон“, што значи дека капсулата на „Спејс екс“ првпат се користи во активна мисија наместо за тестирање.

Во мај „Спејс екс“ влезе во историјата како првата комерцијална компанија што испратила астронаути во орбитата на Земјата.

Извор: Mashable.com
Фото: Screenshot/Victor Glover /NASA
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот