X
 08.08.2018 Наука

Голема „црвена“ планета со необјаснива аурора талка низ вселената



Голема „црвена“ планета сама талка низ вселената надвор од нашиот Сончев Систем, 20 светлосни години оддалечена од Земјата. Таа не е поврзана за ниту една ѕвезда, што е прв таков случај откриен со радиотелескоп од Земјата.

Планетата има мистериозна аурора и е 12 пати поголема од Јупитер. И нејзината маса и силното магнетско поле ги збунуваат научниците што имаат познавања за многубројни астрономски објекти од длабочината на вселената.


Илустрација - црвена планета
(Фото: NRAO)


„Таа планета е на границата меѓу планета, кафеаво џуџе и падната ѕвезда и ни нуди изненадувачки сознанија кои би можеле да ни помогнат да ги разбереме магнетските процеси кај ѕвездите и планетите“, објаснува д-р Мелоди Као, астроном од Универзитетот во Аризона.

Анализите на истражувачкиот тим покажале дека магнетното поле на таа планета е исклучително силно – околу 200 пати посилно во споредба со тоа на Јупитер, и со тоа би можело да се објасни нејзината вонредно силна аурора.

Научниците чиј труд за оваа планета е објавен во списанието „Астрофизикал џурнал“ велат дека нивната студија покажува дека радиобрановите од аурората на оваа планета би можеле да помогнат во откривањето нови планети надвор од Сончевиот Систем.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука