X
 28.12.2022 Наука

НАСА покажа како изгледа зимата на Марс

Американската вселенска агенција НАСА покажа како изгледа зимата на Марс. Во текот на зимата температурата на Марс паѓа под нулата, а најниската температура на половите стигнува до 123 степени под нулата. Меѓутоа, ниту еден регион не е покриен со дебела снежна покривка.

- Снег паѓа доволно за да може да се движите со чевли за снег. Доколку би барале локации за скијање, тогаш тоа би биле кратерите или карпите каде што снегот би можел да се собере поради косината на површината - изјавил Силиван Пико, научник од НАСА.

Не може директно да се набљудува снегот на Марс, но научниците потврдиле дека постои снег со помош на специјализирани инструменти кои „гледаат“ низ облаците на планетата.


На Марс постојат два вида снег. Едниот е од „воден мраз“, а другиот е од јаглероден диоксид, односно „сув мраз“. Поради ретката атмосфера и ниските температури, сувиот мраз се сублимира наместо да се топи, исто како и „водениот мраз“, а како резултат се создаваат чудесни пејзажи на планетата.

На крајот од зимата собраниот мраз преоѓа од цврста во гасовита состојба, а тој процес се нарекува сублимација. Во тој процес мразот добива необичен облик кој може да потсетува на пајажина, швајцарско сирење и друго.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука