Впечатокот за Марс е дека е сува и мртва планета, особено кога станува збор за нејзините геолошки карактеристики. Меѓутоа, нови податоци од мисија на американската вселенска агенција НАСА покажуваат дека под површината можеби има жешка магма.
Податоците се извлечени од сондата „Марс инсајт лендер“, која детектирала слаба, но постојана сеизмичка активност на планетата. Според ново истражување, сондата открила доказ дека под површината на Марс има врел материјал кој се издигнува кон површината.
Регионот каде што бил откриен доказот е место за кое се смета дека се случиле последните вулкански настани на Марс пред околу 53.000 години. Според научниците, сеизмичката активност на планетата би можела да биде резултат на бавното отворање на површината на Марс, која еден ден би можела да доведе до ерупција.
Научниците велат дека откритието може да има влијание врз идните мисии за испраќањето астронаути на Марс со оглед на тоа што планетата е потопла и подинамична отколку што се мислело претходно.
Извор:
Cnet
Насловна фотографија: Pixabay