X
 08.08.2019 Култура

Смартфоните се „дрога“ од која треба постепено да се одвикнувате


Илустрација: Смартфонот како дрога
(Фото: Thinkstock)


Ако секој слободен момент посегнувате по вашиот паметен телефон, можеби е време да ја прекинете таквата практика – сметаат лекарите, додавајќи дека во никој случај тоа не смеете да го направите нагло.

Ирис Хаут, психолог од Берлин, препорачува постепено одвикнување од постојаната зависност од протек на информации. Таа препорачува своевидно „самодисциплинирање“, односно самиот поединец да одреди точно време во денот, во период од два-три часа, кога нема да го користи својот смартфон.

„Самата се дисциплинирав така што не користам мобилен телефон од 7 до 11 часот навечер“, вели таа.

Во текот на викендот треба да се воздржувате од читањето на службената електронска пошта, а некои компании им го забрануваат тоа на своите вработени.

„Новите технологии воопшто не се лоши“, вели Хаут и додава дека ефектот од постојаната изложеност на многубројни информации, кои честопати се непотребни и го оптоваруваат умот, е загрижувачки.

Таа смета дека тоа негативно влијае врз помнењето и концентрацијата. Нејзините претпоставки, меѓутоа, не се научно докажани.

Хаут додава дека треба да ги потсетите и пријателите и членовите на семејството дека апликациите како „Фејсбук“ и  „Ватсап“ се само помагала, а не замена за комуникација.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура