Многумина од нас сме се нашле во оваа ситуација: се подготвуваме за испит и сите информации ни изгледаат едноставни. Потоа седнуваме на испит и одеднаш сите информации што сме ги научиле ги нема. Се бориме да се сетиме, но колку повеќе се обидуваме, информациите не се враќаат во нашата меморија. Едноставно како умот да е празен. Што всушност се случува?
За да се разбере она што се случува за време на „состојбата на празен ум“, постојат три региони во мозокот со кои треба да се запознаеме.
Првиот е хипоталамусот. За сите наши намери и цели, ние може да размислуваме на хипоталамусот како на мост помеѓу нашите чувства и нашата физичка сензација. На кратко, овој дел од мозокот има
силни врски со ендокриниот систем, кој е одговорен за видот и количеството на хормони што течат низ нашето тело.
Вториот е хипокампусот. Хипокампусот игра неверојатно важна улога во
учењето и пребарувањето на факти и концепти. Ние може да размислуваме за хипокампусот како еден вид на врата за меморија преку која сите информации мора да поминат со цел да влезат и излеат во и од мозокот.
Третиот е префронтален кортекс (PFC). Се наоѓа зад очите, ова е мирниот, рационален дел од нашиот мозок. Сите работи на кои што ни се укажува, како човечко битие се во контрола и во голема мера
посредувани тука: работи како работна меморија (способноста за одржување и манипулирање со информациите во умот), контрола на импулсите (способноста да се потиснат несаканите одговори на однесувањето), носење на одлуки (способноста да избереме соодветен одговор помеѓу конкурентските можности) итн.
Кога се подготвуваме за испит во средина која е предвидлива и релативно ниско-ризична, ние сме способни да ја вклучиме
„ладната когниција“. Ова е термин што се користи за процесите на рационално и логично размислување. Сепак, кога ќе внесеме нешто непредвидливо и високо-ризична ситуација на полагање на испит, влегуваме во царството на „топла когниција“. Станува збор за термин што се користи за опишување на не-логички и емотивно управувани процеси на размислување. „Топлата когниција обично се активира во одговор на јасна закана или во друга многу стресна ситуација.
Кога заканата е откриена, хипоталамусот стимулира производство на неколку клучни стресни хормони, вклучувајќи го и
норепинефрин и
кортизол. Големите нивоа на норепинефрин влегуваат во „PFC“ и служат
за да ги потиснат невроните и да нанесат штета на ефикасната комуникација. Ова нарушување во суштина ја разјаснува нашата работна меморија (за што и да сме размислувале во моментот го нема) и го запира рационалнито, логично функционирање на „PFC“ со влијание врз другите мозочни региони.
Во исто време, големо ниво на кортизол влегува во хипокампусот и
не само да го нарушува активирањето на моделите таму, но, исто така, (со продолжено изложување)
ги уништува невроните од хипокампусот. Ова служи за да се спречи можноста за пристап до старите спомени и да ја искриви перцепцијата и складирањето на нови сеќавања. Поедноставно кажано ако испитот се толкува како закана, стресот се активира, па така работната меморија е избришана, механизмите за отповикување на спомените се нарушени, а емотивната ладно-топла когниција управувана од страна на хипоталамусот (и други субкортикалните региони) ја надминува нормалната рационална ладна когниција управувана од страна на „PFC“. Па затоа овие процеси водат кон „празен ум“ поради што е тешко да се допре до логичната когнитивната активност.
Дали има начин да се избегне ова?
Добрата вест е дека постојат некои работи што можете да ги направите за да одбегнете состојба на „празен ум“. Едно од решенијата се однесува на надминување на стресот. Преку одредена практика и примена на когнитивно-бихевиорални и техники на релаксација, со цел преформулирање на заканата за време на ситуација на полагање на испит, оние кои полагаат, потенцијално може да го намалат стресот и повторно да го активираат процесот на порационално размислување.
Истражувањето е објавено во списанието
The Conversation.