X
 08.08.2024 Живот

Водич за влез во култниот берлински клуб „Бергхајн“

Овој клуб е можеби најпознатиот ноќен клуб во светот. Тоа што го прави олку популарен се ненадминливите забави што се случуваат таму, музичкиот избор на диџеите, кои работењето во овој клуб го кажуваат како животно достигнување, како и искусувањето на децениската традиција во електронска музика, која градот и локалците гордо ја одржуваат во живот.

Сепак, влезот во „Бергхајн“ е... комплициран. Во најмала рака.



Редиците во „Бергхајн“ најчесто се долги, а времето на чекање уште подолго. Во еден период постоеше дури и веб-страница на која можеш да видиш дали има редица пред клубот.

Но, вистинскиот проблем почнува кога ќе стигнеш на ред. Тука се соочуваш со вратарите, кои се многу искусни и од чија процена се смета дека зависи квалитетот на забавата внатре во клубот. Вратарите внимателно ја следат редицата, така што твојот „клупски перформанс“ почнува штом ќе застанеш на крајот од редицата. Штом дојдеш на ред, тие внимателно ќе те погледнат и или ќе те пуштат да влезеш, или ќе го чуеш озлогласеното „heute nicht“ (не денес).



Еве какви совети даваат искусните берлински журкачи за влез во „Бергхајн“:

1. Однесувај се пристојно во редицата. Без разлика што одиш на журка, од посетителите се очекува пристојно и со почит да уживаат во музиката и во прочуената клупска атмосфера. Доколку си гласен, се туркаш или ги задеваш другите, збогувај се со твојата ноќ за паметење. Не фрлај ѓубре наоколу и учтиво зборувај со останатите соборци пред „Бергхајн“.

2. Остави го телефонот в џеб. Во „Бергхајн“ е забрането фотографирање и снимање и тоа почнува уште додека чекаш во редицата. Не ги фотографирај сите детали, не прави селфиња и дефинитивно не прави видеоповик додека чекаш во редицата. Штом те пуштат да влезеш, обезбедувањето внимателно ќе те претресе и ќе залепи мала налепница врз камерата на твојот телефон.

3. Контролирај ја твојата возбуда. Смешно или не, вратарите нема да дозволат влез на превозбудени туристи што се однесуваат како да ја гледаат Ајфеловата кула. Глуми „кул“ и како да не ти е ова прво искуство во ваков клуб.

4. Не дотерувај се. Постои неизговорено правило во Берлин дека превнимателно дотерување е еднакво на досадна забава. Наместо тоа, предност имаат сите оние што делуваат како да се тука да се опуштат и да ѝ се препуштат на музиката, а не константно да си ја поправаат фризурата.

5. Не обидувај се да преговараш со вратарите. Нивната одлука е конечна. Доколку не те пуштат, обидите да преговараш нема да те одведат никаде, освен само подалеку од клубот.



За да влезеш во „Бергхајн“, очигледно не ти е потребно „многу“, ама еден од потребните услови е, всушност, да отпатуваш во Берлин, а тоа можеш да го оствариш со наградната игра на Шпаркасе Банка за сите млади со пакет Vibe On. Со наградната игра може да се освои и патување во Амстердам и да се видат и амстердамските клубови. Дознај повеќе на sparkasse.mk и искуси го европскиот клупски живот.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот