Германската влада одобри измени во градежните прописи со кои ноќните клубови првпат формално се признаваат како културни установи, што би можело да помогне во зачувување на загрозениот ноќен живот, особено во Берлин.
Според предлогот на кабинетот на канцеларот Фридрих Мерц, клубовите повеќе нема да се класифицираат заедно со бордели, коцкарници и барови за возрасни, туку ќе добијат статус на простори со културна и уметничка вредност.
Промените сè уште треба да бидат потврдени од Бундестагот и Бундесратот, но се очекува широка политичка поддршка.
- Ова е историски момент за германската клупска култура - изјави Марк Волраб, долгогодишен лобист на ноќната индустрија.
Мерката е насочена кон запирање на феноменот „Clubsterben“ (смрт на клубовите), кој во последните години ја погоди Германија, особено Берлин. Растот на цените на недвижностите, ударот од пандемијата и споровите околу бучавата доведоа до затворање на познати места.
Министерот за култура Волфрам Вајмер оцени дека е важно да се направи разлика меѓу музички клубови и чисто забавни објекти и дека со ова се испраќа силна порака до културните и креативните индустрии. Иако одлуката е поздравена, дел од сопствениците на клубови предупредуваат дека дошла предоцна.
Извор:
Klix.ba
Фото: Magnific