Ако интелигентните цивилизации навистина постојат, постои можност тие да не се потпираат на видовите енергија кои би ни помогнале во нашата потрага.
Во 1950 година Енрико Ферми поставил безопасно, но длабоко вознемирувачко прашање: Зошто не гледаме други знаци на живот во галаксија полна со планети и ѕвездени системи?
Прашањето сега познато како „парадоксот на Ферми“ и ги преокупира астрономите, филозофите и многу љубители на научна фантастика. Тим истражувачи сега предлага нова причина зошто можеби не сме виделе интелигентен живот во нашиот универзум.
Нивното решение, е едноставно: вонземскиот живот можеби не прави сè што ние очекуваме. Истражувачите решиле да откријат дали вселенскиот телескоп од следната генерациј,а може да забележи соларни панели на блиска егзопланета. Тимот заклучил дека доколку постои таков интелигентен живот и се напојува од сончева енергија, веројатно нема да бара количина на енергија чие отчитување би ни помогнало да ги пронајдеме.
-Импликацијата е дека цивилизациите можеби нема да сакаат да се шират низ галаксијата бидејќи можат да постигнат одржливо ниво на население и потрошувачка на енергија, дури и ако изберат многу висок животен стандард. Тие може да се шират во нивните сопствени, па дури и во блиските ѕвездени системи, но цивилизациите што се протегаат низ галаксијата можеби не постојат – истакнал Рави Копарапу, истражувач во „Годард спејс флајт“ при НАСА.
Во трудот истражувачите анализираат дали соларни панели базирани на силикон може да се откријат на егзопланета слична на Земјата. Причината за изборот на овој материјал е затоа што тој е пообилен од другите елементи што се користат за сончева енергија и е (барем на Земјата) релативно евтин за рудирање и употреба во производството.
Тимот замислил набљудување на егзопланетите на Млечниот Пат со помош на опсерваторијата за животните светови, главен проект на програмата „Големи опсерватории“ на НАСА. Првата фаза од развојот на телескопот од следната генерација фокусиран на егзопланети е закажана за 2029 година.
Тимот моделирал планета слична на Земјата со различно ниво на покриеност со силиконски соларни панели и тестирал дали „Опсерваторијата за светови погодни за живот“ може да ги открие овие знаци на технологијата од 30 светлосни години. Тимот открил дека ако 23 отсто од земјата на егзопланетата е покриена со соларни панели, ќе бидат потребни најмалку неколку стотици часа за да се открие „технолошкиот потпис“.
Тимот нагласува дека само 9 отсто од површината на Земјата ќе бидат потребни за да се одржи висок животен стандард за 30 милијарди луѓе. Речиси четвртина од земјиштето на планетата покриено со соларни панели е веројатно екстремно сценарио и би било непотребно за енергетските потреби на Земјата.
-Големите структури за собирање ѕвездена енергија би можеле да бидат особено застарени кога ќе се земе предвид технолошкиот напредок. Општество кое може да постави огромни структури во вселената е поверојатно да користи нуклеарна фузија или други поефикасни методи за производство на енергија - вели во истото соопштение коавторот на студијата Винсент Кофман.
Студијата претпоставува дека вонземска цивилизација би ја искористила сончевата енергија на својата ѕвезда домаќин. Точно, вонземјаните можат да користат било кој број на извори на енергија, вклучувајќи ги и оние надвор од границите на нашата имагинација. Но, настрана изворот на енергија, можеби нема да видиме знаци на интелигентен живот во универзумот, бидејќи универзумот е голем, а ние ги имаме алатките за да го видиме и детектираме само неколку децении. Нашата галаксија постои милијарди години, а нашиот универзум уште подолго.
Една неодамнешна студија прави многу претпоставки за вонземјанската технологија и нејзината видливост, но моделирањето на овие сценарија е важно - штом „Опсерваторијата за светови погодни за живот“ и другите телескопи од следната генерација ќе бидат оперативни, проектите ќе имаат неколку начини да го започнат своето пребарување.
Извор: tportal.hr
Фото: Freepik