X
 18.12.2017 Наука

Влијанието на моќта врз вашиот ум и вашето тело

Од силеџијата во паркот до исмејувачот во канцеларија, динамиката на моќта е насекаде во нашите животи.

Неодамна низ социјалните медиуми се појавија тврдења дека моќните луѓе од различни полиња, како политиката, Холивуд и технологијата, ги злоупотребуваат својата позиција и моќ за да ги искористат оние што се под нив.

Познати личности, вклучувајќи ги Харви Вајнштајн, Кевин Спејси, Мет Лауер, Рој Мур, сенаторот Ал Франкен и претседателот Доналд Трамп се обвинети за различни искористувања на оние што се под нив, вклучувајќи и колеги и вработени, за сексуално вознемирување и силување.

Луѓето почнаа да се прашуваат: Дали постои нешто во врска со тоа што тие луѓе имаат моќ, па ги тера да извршуваат вакви одвратни работи?

Науката вели дека постојат невообичаени работи што се случуваат во мозокот на моќните луѓе. Истражувањата направени во период од неколку децении покажуваат дека психологијата и физиологијата на моќните луѓе се значително различни од оние на просечните луѓе - различен е дури и нивниот префронтален кортекс на мозокот, и начинот на кој срцето пумпа крв.

Еве што им прави моќта на вашето тело и на вашиот мозок, според науката.

Моќта може да ја потисне вашата способност да сочувствувате со другите


Дачер Келтнер, професор по психологија на Универзитетот „Беркли“, со децении го проучувал начинот на кој работат мозоците „напојувани“ од моќта. Тој дури и ја позајмил својата експертиза за емоциите во филмот „Inside Out“.

Неговите истражувања покажуваат дека моќта може да го ослободи вашиот префронтален кортекс - дел од мозокот што ви помага да разберете како се чувствуваат другите. „Моќта ја отежнува емпатијата кон другите луѓе“, вели Келтнер.

Моќните луѓе имаат помала способност да се поистоветат со луѓето што ги набљудуваат и со кои комуницираат


Ова значи дека моќните луѓе не можат да имитираат некоја личност со која разговараат или помалку се смеат кога се со ваков придружник. Истражувањата покажуваат дека кога ги набљудувале другите, кај моќните луѓе имало помала резонанција во одредени области на мозокот што обично би требало да „светнат“, што укажува на тоа дека нивниот мозок станал помалку сочувствителен.

Поголемата нееднаквост во приходите ги тера моќните луѓе да бидат помалку дарежливи


Истражување спроведено врз 2.000 Американци открило дека луѓето со повисоки примања во нееднакви држави биле помалку дарежливи. Но луѓето со високи примања кои живееле во услови на ниска нееднаквост покажале исто ниво на дарежливост како луѓето со ниски приходи.

Тоа покажува дека богатите луѓе не се нужно помалку дарежливи, но веројатно би биле подарежливи ако распределбата на приходот е неправедна.

Моќта може да помогне во борбата против стресот

Со години истражувачите откриле дека моќните луѓе имаат пониско ниво на кортизол, хормон за стрес, и повисок тестостерон, кој помага во намалување на стресот. Ова важи и за двата пола. Ова важи и за луѓето што имаат предиспозиции за лидер.

На пример, кандидатот за работа кој има богата и привилегирана заднина веќе има повеќе извори на енергија, така што на интервјуто има екстра „психолошки ресурси“ што го отстрануваат стресот. Ваквиот кандидат може да изгледа дека е покомпетентен, без оглед на неговите вистински способности.

Eфектите на моќта се протегаат од мозокот до телото

Моќните луѓе, како полицајците, покажале дека побрзо процесираат крв во срцето, со што побрзо имаат свежа, оксигенирана крв во мозокот, вели истражувањето на Венди Мендез, кој испитува како моќта влијае врз телото. На овој начин моќните луѓе се поздрави и имаат помала веројатност да добијат смртоносни болести.

Моќните луѓе што заработуваат повеќе пари живеат подолго, поздраво и имаат помалку стресни животи


Истражување од 2011 година покажало дека луѓето што заработуваат повеќе пари имаат пониско ниво на тага, безнадежност и безвредност, од нивните колеги со пониски приходи. Ефектите не се поврзани само со пари: истражувањата покажуваат дека перцепцијата на лицето за неговиот социо-економски статус и каде тоа лице се вклопува во социјалната хиерархија влијае врз неговото здравје.

Во нашата природа е на силните мажи да им даваме поголема моќ


Истражувањата од 2016 година покажуваат дека за мажите што се сметаат за „физички застрашувачки“ обично имаме впечаток дека имаат поголеми лидерски способности.

Важно е луѓето да ги запомнат своите корени


Извршниот директор на „Пепси“, Индра Нои, обожава да ја раскажува приказната за денот кога станала претседателка на одборот, а нејзината мајка ја испратила да купи млеко.

„Го ставив млекото на масата и реков: ’Имам одлични вести за тебе. Само што ми кажаа дека ќе бидам претседателка на одборот на директори. А ти ми велиш да одам да купам млеко. Каква мајка си ти?‘ Мајка ми ми рече: ’Да ти објаснам нешто. Можеби си директорка на Пепси. Можеби си во одборот на директори. Но кога си во оваа куќа, ти си сопруга, ти си ќерка, ти си снаа, ти си мајка. Ти си сетo тоа. Никој друг не може да го заземе тоа место. Затоа, остави ја проклетата круна во гaражата и не носи ја во куќата‘“.

Важно е моќните луѓе да слушаат

Оние лидери што знаат дека нивната моќ е добра само ако ја имаат почитта од другите се поприземјени.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука