X
 16.03.2017 Култура

Огромен интересот за „Убавицата и ѕверот“ во „Синеплекс“

Волшебните бајки секогаш го привлекуваат вниманието на филмските сладокусци, тогаш кога ќе се појави некое ново претставување на филмското платно. Нема девојче што во својата филмска колекција го нема анимираниот филм „Убавицата и ѕверот“, „Дизниевото“ ремек дело од 1991 година. Со уште 20-ина земји низ Европа, публиката во Македонија денеска е меѓу привилигераните што ќе може да ја види екранизираната верзија на оваа приказна во киното „Синеплекс“.



Еден млад принц, кој е заробен во форма на чудовиште може да биде ослободен само од вистинската љубов. Неговиот живот се менува кога Бела, девојката полна со живот, доаѓа во неговиот замок. Покрај нејзините стравови, таа се спријателува со маѓепсаниот персонал во замокот и учи како да ја забележи вистинската страна на младиот принц.



Главната улога во филмот ја игра Ема Вотсон, детската филмска ѕвезда што се прослави со улогата на Хермиона во „Хари Потер“. Ѕверот го игра актерот Ден Стивенс, а настапуваат и Ема Томсон, Иан Мекгрегор, Иан МекКелен, Кевин Клајн и други.
Филмот во режија на Бил Кондон ќе може да го погледнете во 2Д и 3Д технологија.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура