X
 08.10.2020 Живот

Како Хитлер се најде на листата со номинирани за Нобелова награда за мир?

Што имаат заедничко Махатма Ганди, Еленор Рузвелт и Адолф Хитлер? Сите биле номинирани за Нобелова награда.

Адолф Хитлер се најде на листата со номинирани во 1939 година, само три месеци пред Германија да изврши инвазија на Полска и да ја почне Втората светска војна. Номинацијата била од Ерик Готфрис Кристијан Бренд, социјалдемократ во шведскиот парламент. Оваа номинација предизвикала протести и гнев, а Ерик бил обвинет дека е фашист и на крајот му било забрането предавањето во неколку здруженија.

Во писмото упатено до комитетот Бренд го нарекол фирерот „мировен борец даден од Бога“ и „принц на мирот на планетата“, а книгата на Хитлер, „Мојата борба“, ја нарекол најдоброто и најпопуларно парче литература во светот, изразувајќи уверување дека диктаторот ќе ја „смири Европа, а веројатно и целиот свет“.

Ако ви звучи како шега, тоа е така затоа што и било шега.

Бренд бил антифашист и неговото писмо требало да биде иронично. Како што изјавил во интервјуто за шведскиот весник „Свенска Моронпостен“, тоа било коментар за номинацијата на Невил Чембрлен, тогашен премиер на Велика Британија, за која сметал дека не ја заслужува, а освен тоа имал намера да ги испровоцира Хитлер и нацистите.

Подоцна, во 1939 година, кога почнала војната, тој напишал дека писмото до комитетот било иронично и дека би го закачил Хитлер на ѕидот на срамот како непријател број еден на мирот во светот.

Иако не постоела индиција дека Хитлер ќе ја освои наградата, ќе морал да ја прекрши сопствената наредба во случај да ја добиел наградата. Бесен поради тоа што во 1935 година Нобелова награда добил неговиот критичар Карл фон Осјецки, Хитлер им забранил на сите Германци во иднина да ја прифаќаат ова награда.

Сепак, Нобеловата награда била откажана, а награда за мир во 1939 година не добил никој.

Извор: Telegraf.rs
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот