X
 08.10.2022 Наука

Во Тајван се произведува зеленчук во подземна метро-станица

Компанија во Тајван одбрала необична локација за спроведување проект за вертикално земјоделство - подземна метро-станица. На станицата „Нанџинг фушинг“ во Тајпеј се произведува зеленчук во технолошки напредна градина во која се контролирани влагата и температурата.

Според Џулија Јанг, директор на „Унимикрон текнолоџи“, компанијата која стои зад подземната плантажа, луѓето се грижат за употребата на пестициди на традиционалните плантажи.

Меѓутоа, подземната градина со големина од 40 квадратни метри овозможува производство на зеленчук под ЛЕД-осветлување без употреба на пестициди и други средства. Се користи опрема за контрола на повеќе фактори, како светлина, температура и хранливи состојки за време на производството.


Фото: Metro Taipei

Наместо земја, во процесот се користи раствор со хранливи минерали кои се раствораат во вода. Растенијата растат во овој раствор наместо во почва.

Од компанијата известиле дека произведуваат околу 180 марули неделно, а секоја марула тежи околу 200 грама. Вертикалните градини стануваат популарни во Тајван бидејќи младите не сакаат да работат во земјоделството.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Metro Taipei
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука