X
 08.10.2024 Живот

Седмо одделение е, а има проблем сам да ги извршува домашните и сам да учи, има дијагноза тешкотии во школството. Како да му помогнам?

Син ми е седмо одделение, но уште кога беше трето одделение, забележав дека има тешкотии со читање и пишување. Со моја помош успеа да научи да чита и да пишува, а работи и со дефектологот во училиште, но многу малку. Иако има препораки од центарот МКФ за изготвување ИОП програма по македонски и математика, тоа не се случува. Ми рекоа дека е задоцнета дислексија, но крајната дијагноза е тешкотии во школството. Тој е нормално дете, се дружи, тренира ракомет, не е проблематичен, но сѐ уште не е самостоен за домашни и учење. Можно ли проблемот да е настанат во прво одделение, тогаш имаше лоша наставничка, ги навредуваше, ги кубеше, им се дереше, со стапче ги маваше по рачињата и тој воопшто не го засака школото. Ве молам за совет како да му помогнам да може сам да ги завршува домашните и сам да учи.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот