X
 30.12.2025 Живот

Кога бара нешто, веднаш почнува да плаче, дури и легнува на земја... Како да го променам таквото однесување?

Моето дете има 2 години и сметам дека е добар во однос на зборување, разбирање, посочување… Но многу често, уште од 1,5 година, кога бара нешто знае одма да почне да плаче. Одреден период знаеше одма да нѐ удира и мене и сопругот кога се обидувавме да го смириме и да му објасниме нешто. Кога сака нешто, веднаш плаче, сум се обидела и да не му го дадам тоа што го бара, сум пробала и да му објаснам, сум пробала и да го оставам да плаче, меѓутоа, не гледам дека има подобрување. Знае да легне на земја и да плаче сѐ додека еден од нас не му го скрене вниманието. Прашањето ми е дали е во ред ова однесување, каде и како можам да променам нешто. Бидејќи знае и кога шетаме да ги има овие тантруми. Ова се случува веднаш што ќе помисли на нешто, дури и да сака цуцла, одма почнува да плаче, што се вика уште не сум успеала да му ја дадам.

Одговорот од психологот можете да го прочитате на Деца.мк.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот