X
 03.09.2024 Живот

Незаинтересирана е за храна, не плаче за јадење, па никој не може да ја чува поради тоа. Дали да ја запишам во градинка?

Моето дете има 14 месеци, но има проблем со храната уште од 4,5 месеци кога почна да го одбива адаптираното млеко, т.е. пиеше мала количина и тоа со плачење. Бидејќи е прематурче, не седеше стабилно и никако не ги прифаќаше кашичките. Периодот на неставање килажа беше подолг. Сега е сосема незаинтересирана за храна. Воопшто не плаче за јадење. Почнав да давам парченца, така сакаше, но само помека храна. Сега не сака да ја хранам јас, туку сама си зема од масичка. Но тоа трае кратко, неколку залчиња и толку. Килажа никако не качува, може некој месец ќе стави 100-200 грама, па нареден ќе стагнира. Крвната слика е добра, таа е многу активна, реагира на секој звук, на секоја промена околу неа, но воопшто не бара храна. Се соочувам и со проблем да нема кој да ја чува поради тоа што не јаде. Размислувам дали да ја запишам во градинка.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот