X
 08.11.2018 Култура

Ќе се снима филм продолжение на серијата „Breaking Bad“

Авторот на хит-серијата „Breaking Bad“, Винс Гилиган, планира филм како продолжение на сагата, речиси по пет години откако беше прикажана последната епизода од петтата сезона од шоуто, објави „Варајети“.

Имено, неименуван извор тврди дека се работи за проектот со работен наслов „Greenbrier“ на „Њу Мексико филм офис“, кој е во претпродукција, и чие снимање почнува во февруари. Во филмот би требало да се појави и Арон Пол, повторно во улога на Џеси.

Од продукциската куќа сѐ уште не ги потврдуваат, ниту ги одрекуваат овие наводи.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура