X
 02.01.2023 Живот

Се сеќавате на филмот „Одморот“ од 2006 година? Популарната куќарка сега е достапна на „Ербиенби“

Познатите холивудски актерки Кејт Винслет и Камерон Дијаз, како и британскиот заводник Џад Ло се главните ѕвезди во романтичната комедија „Одморот“, снимена пред 16 години.

Заплетот на филмот е прилично необичен: две жени одлучуваат да си ги заменат домовите на извесен период за да си го променат начинот на живот, а истовремено и двете имаат љубовни проблеми.

Ајрис (Кејт Винслет) оди во Калифорнија во куќата на Аманда (Камерон Дијаз), а Аманда, која е магнат во Лос Анџелес, оди на село, во традиционален англиски стил и таму го запознава Грем (Џад Ло).

Токму оваа куќа се изнајмува преку „Ербиенби“ за време на празниците.

2
Фото: Airbnb

Прекрасната куќарка има три спални соби, три кревети и една бања, а во неа можат да се сместат до пет гости. Она што се наведува како главна предност во студените денови е подното греење, пријатни вечери со филм и рачно насликана кујна.

Инаку, овој имот, кој е достапен за изнајмување од јануари 2023 година, беше достапен за продажба пред речиси пет години за 650.000 фунти. Колибата им припаѓа на Џон Бромли и неговата сопруга Кресида, кои решиле да ја изнајмат дури откако ја купиле во 2019 година, кога дознале дека е поврзана со популарниот филм.

3
Фото: Airbnb

Сместено во срцето на Сари Хилс, селото Холмбери Сент Мери е богато со шуми, изобилува со диви животни и може да се пофали со некои од најдобрите патеки за пешачење во Јужна Англија.

За само неколку минути пеш можете да стигнете до локалниот паб, што ја прави оваа куќарка совршено место за луксузен одмор, односно зимска магија.

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Airbnb
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот