Што помислувате кога ќе слушнете „еднократна употреба“ (single-use)? Пластични шишиња, кеси, околина?
Лексикографите на речникот „Колинс“ овој збор го прогласија за збор на годината, по порастот на неговата употреба во период од пет години.
Тие велат дека вестите во медиумите и „Блу Планет II“ на Би-би-си успеале да ја подигнат свеста за
проблемот со еднократната употреба на пластиката.
Меѓу зборовите се најде и „gaslighting“ (форма на психолошка манипулација во која една личност се обидува да всади сомнеж во индивидуата или во членови на целна група) и „Gammon“ (навреда со која се опишуваат белите средовечни поддржувачи на Брегзит).