Секоја година, од 2011 година, филмскиот критичар Дејвид Ерлих прави видеолиста од неговите 25 омилени филма на годината. Вакво нешто е единствено возможно само од некој што поголемиот дел од изминатата година го посветил на гледање филмови.
„Ова е единствениот видеопроект што го правам, така што секогаш се чувствувам како да започнувам од нула - и наидувам на истите технички проблеми буквално секоја година“, вели тој.
Неговата листа од 2017 година е комбинација од забавни акциони филмови, како „Baby Driver“, драма, „Lady Bird“ и „Call Me By Your Name“ и хорор-филмот „Get Out“.
„Целта на овие видеа е да ги насочам луѓето кон
филмовите што можеби ги пропуштиле и да ги поттикнам да ги гледаат овие филмови“, додава тој.