Почетокот на новата учебна година, можностите за учење во услови на пандемија, активностите на новите министри и нивните предлози за решенија на актуелните проблеми во образованието, културата, здравството, но и нашето културно наследство, воспитувањето и родителските проблеми беа дел од она што го истражувавме минатата недела.
Ова е извадок од најчитаните содржини.
Да кажеме дека Гостивар
нема културно–историско наследство, најпрво ќе мора да се соочиме со првиот столб на одбраната, колективната меморија, потоа културно-историските симболи во форма на археолошки локалитети и историски споменици, вели Даниел Ѓорѓевски, археолог.
Емилија Мицевска-Трајковиќ и Филип Трајковиќ, актери во Драмскиот театар во Скопје, неодамна се регистрираа. Склучија брак во време на пандемија на коронавирусот. Со маски, држење дистанца, во интимно друштво, само со сведоци..., според сите мерки за заштита. Поради заштита од Ковид-19, свадбите веќе со месеци се забранети, а оваа одлука, како што истакнуваат од Владата, останува во сила. Но тоа не беше причина да ја одложат венчавката ни актерот Жарко Димоски и неговата партнерка Андреа Јосифова.
Ни раскажаа како изгледаа нивните венчавки во време на пандемија.
Алек Јармов и Лука Грашкоски освоија златен медал на Македонската математичка олимпијада. На натпреварот, кој се одржа во саботата на Природно-математичкиот факултет во Скопје, учествуваа 20 ученици. Натпреварот го организира Сојузот на математичарите на Македонија. Јармов и Грашкоски ќе бидат и дел од тимот што ќе ја претстави Македонија на Интернационалната математичка олимпијада (ИМО), што ќе се одржи на 21 и 22 септември во Санкт Петербург.
Пандемијата на коронавирусот влијаеше и врз бројот на склучени бракови во изминатава половина година. За некои, склучување брак без правење веселба или свадба не бидува, за други - веселбата е небитна, а кај дел од паровите врз одлуката за брак влијаело и чувството на (не)сигурност во вонредните услови поради Ковид-19.
Како се менуваше нивниот број и што да очекуваме за наредниот период?
Венко Андоновски е автор на драмскиот текст „Изрешетени души“, според кој годинава ќе се изведе традиционалниот сценско-театарски спектакл „Големиот школски час“ во Србија. Драмскиот текст ќе биде печатен на српски јазик, како дел од повеќетомната едиција „Голем школски час“, заедно со другите автори што пишувале на оваа тема.
Министерката за култура Ирена Стефоска на средба со претставници на Синдикатот на културните работници и Синдикатот за образование и наука најави дека институциите што целосно ја завршиле систематизацијата брзо ќе добијат исплата на платите и ги охрабри сите други што
побрзо да ја завршат нивната обврска според колективниот договор.
По два дена откако почнаа закажувањата на прегледи и анализи преку „Мој термин“ почнаа и метежите во дел од здравствените установи. На фотографиите кои ги направивме во четвртокот се гледаат метежите на Универзитетскиот институт за клиничка биохемија, кој е во зградата на интерните клиники во клиничкиот комплекс во Скопје. Голем дел од специјалистите ги упатуваат пациентите за анализа таму. Метеж има и пред објектот на амбулантите на интерните клиники.
Фотографиите го покажуваат и нивото на хигиена во делови од клиничкиот центар.
Училиштата низ државава, вклучително и наставниците, деновиве добија прецизни насоки за тоа како да постапат ако некое дете развие симптоми на Ковид-19 додека е на настава.
Правилата се напишани во алгоритам за постапување во училиштата во случај на појава на ученик со симптоми, односно сомнителен на Ковид-19.
За уписите, програмите и можностите на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје, разговаравме со деканот,
проф. д-р Лазо Пендовски.
Тие не се само врвни професори посветени на своите студенти, туку паралелно со академските достигнувања обрнуваат големо внимание и на физичката кондиција и спортот. Речиси третина од наставниот кадар на Факултетот за електротехника и информатички технологии се занимаваат со некој спорт, а со тоа ги мотивираат и своите студенти – заедно да трчаат маратони, штафети, а некогаш и да навиваат. Со студентите често организираат и неофицијални спортски дружби, како планинарски тури, велосипедски експедиции, излети во природа...