X
 08.11.2019 Технологија

Кој проблем треба да го сокрие новото лого на „Фејсбук“?

Компанијата на Марк Закерберг одеднаш најави промена на логото. Многу луѓе се смеат на тоа, но вистината зад овој потег може да биде многу поцинична отколку што се мисли.

Логото се состои од зборот „Фејсбук“, но овој пат со големи букви.

Компанијата тврди дека целта на промената е желбата на „Фејсбук“ да се прави визуелна разлика помеѓу компанијата и нејзините апликации. Но, тешко е да се поверува дека „Фејсбук“ би направил нешто само поради разјаснување.

Неговите правила за користење на личните податоци на корисникот се сè само не јасни.

А секојпат кога Марк Закерберг ќе се појавеше пред властите да оправда одредени постапки на својата компанија, се чинеше дека за неа знае многу малку.

logo
Фото: Facebook


Но, новото лого е типичен потег на „Фејсбук“ кога се наоѓа на удар на критики.

Не ви се допаѓа нашиот однос кон личните податоци? Ви направивме нова криптовалута!

Новото лого исто така би можело да биде начин „Фејсбук“ да го насочи вниманието на јавноста во сосема друга насока.

Но, зошто компанијата сака нејзиното лого да биде нападно?

Истражувањата покажуваат дека 29 отсто од Американците знаат дека „Фејсбук“ е сопственик на „Инстаграм“ и „Вацап“. Во основа, многу корисници го поврзуваат зборот „Фејсбук“ со ужасна социјална мрежа.

Но „Фејсбук“ е многу повеќе од тоа.

И додека „Фејсбук“ се соочува со сè поголемиот притисок да воведе ред и да почне да одговара за своите постапки, компанијата сака сите да знаат дека таа не е само тоа. „Фејсбук“ сака да знае дека се многу поголеми од тоа и подобри, а ние само можеме да претпоставуваме кој проблем треба да го скрие ова лого.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија