Родители на ученици во Основното училиште „Кочо Рацин“ во Општина Петровец реагираат дека нивните деца немаат храна додека се на училиште. Училиштето распишало тендер за избор на оператор со храна, но никој не се пријавил. Така децата треба да носат храна од дома или на одморите да купуваат од локалните продавници. Но, кога купуваат децата, треба сами да изберат, што, пак, е ризик околу тоа за што ќе се одлучат. Така многу од нив без надзор се хранат со слатки, чипсови...