Во скопската галерија ,,КО-РА“ денеска ќе се отвори самостојна изложба на уметничката Маја Николовска чиј наслов е „Боја во црно-белиот свет“. Ова е нејзина четврта самостојна ретроспективна изложба на која ќе се претстави во повеќе техники.
Инаку, Николовска е дипломиран ликовен педагог на отсекот сликарство во класата на Рубен Корубин, а има положено и за професор по ликовно образование на Факултетот за ликовни уметности, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Изложбата вклучува графички и акварелни дела во техниките: сито-печат, линорез, аква тинта, туш, јаглен, молив и акварел. Николовска е учесник на неколку ликовни колонии во и надвор од земјата, како и добитник на многубројни награди.