X
 08.11.2021 Култура

Пристигна трејлерот за новата сезона на „Почудни нешта“

Нема да гледаме нови епизоди од „Почудни нешта“ пред 2022 година, иако не се знае точниот датум, но имаме нов трејлер за следниот дел од серијата.

Во трејлерот се гледа дека следува многу акција која ќе се одвива на нова локација. Приказната во четвртата сезона на серијата се одвива во 1986 г., односно три години по исчезнувањето на Вил Бајерс на почетокот од серијата. Сепак, во овие години сите ликови многу се променети.

Во трејлерот ја гледаме и Илевн како живее во Калифорнија, но не е задоволна од животот таму. Меѓутоа, се чини дека кога конечно ќе се види повторно со Мајк, се создава хаос.

Врз основа на новиот трејлер, новата сезона на „Почудни нешта“ може да биде најмрачната сезона од серијата досега.


Извор: Mental Floss
Фото: YouTube (Printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура