Третата сезона на серијата „Ти“ беше премиерно прикажана на 15 октомври и во моментов е најгледаната серија на „Нетфликс“.
Иако
„Игра со лигни“ веќе неколку недели ја има титулата на најгледната серија на „Нетфликс“, само неколку часа по премиерата на третата сезона на серијата „Ти“, јужнокорејскиот хит падна на второто место.
„Ти“ е психолошки трилер кој го носи продолжението на приказната за тивкиот убиец Џо Голдберг и неговата девојка Лав Квин. Кон крајот на втората сезона од серијата гледачите дознаа дека Лав е трудна, а парот во третата сезона се сели во Калифорнија за да се оттргне од мрачното минато и да се посвети на семејството.
Третата сезона на серијата е полна со нови ликови. Меѓу нив е и Шалита Грант, позната по улогите во ЦСИ-серијалите. Таа ја глуми мајката на Џо, која истовремено е инфлуенсерка, Тревис Ванвинкл го глуми богатиот Кари кој се обидува да се зближи со Џо, а Скот Спидман ја доби улогата на Метју, успешен извршен директор, сопруг и татко.
Првата сезона од серијата излезе во 2018 година, а втората во 2020 година. Ден пред премиерата на третата сезона „Нетфликс“ објави дека се подготвува сценариото за четвртото продолжение.
Фото: Screenshot/YouTube