Добре дојдовте во најголемата приказна што никогаш не е раскажана. Вака започнува резимето за најспектакуларната серија за планетите, а чие емитување почнува утре на Би-би-си.
„Планетс“ раскажува приказна за планетите како ниедна серија досега. Со најпрецизни и најдетални фотографии, документарната серија на Би-би-си ги користи и последните научни истражувања за претставување на возбудливата историја на световите во нашиот Сончев Систем.
- Тоа се приказни за убавината и креацијата, насилството и уништувањето, кои откриваат како Сончевиот Систем и нашето место во него се многу подраматични отколку што можеме да замислиме - се наведува во описот на серијата.
Пред неколку дена е објавен и официјалниот трејлер, кој веднаш привлече големо внимание, а деновиве за серијата се зборува и на социјалните мрежи.
Епската
приказна, која сѐ уште се пишува и која всушност штотуку започна, ќе се емитува од 28 мај на Би-би-си 2.