X
 27.03.2016 Технологија

Софтвер овозможува да снимате видео со туѓо лице во реално време

Нов софтвер овозможува управување на лице во видео со помош на сопствени изрази.


Научници од институтот за информатика „Макс Планк“ и универзитетот „Ерланген-Нуремберг“ и американскиот „Стенфорд“ развиле систем за детекција на лице кое може секого да претвори во Трамп или Путин.

Имено, лицето се снима со камера и го претвора во тродимензионален модел, а алгоритмот го спојува со лицето на претходно снимено видео и овозможува да се управува со истото во реално време. Софтверот сè уште се наоѓа во истражувачка фаза, па затоа не е достапен за пошироката јавност.

Сепак, авторите на проектот изјавиле дека размислуваат за тоа да го пласираат на пазарот веднаш по потребните тестови, пренесува „Mashable“.

Во промотивното видео, актерите со своите изрази „управуваат“ со лицата на Владимир Путин, Доналд Трамп, Џорџ Буш итн.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија