Помеѓу 750 година пр.н.е и 400 година, античките Грци компонирале песни што требало да бидат придружени со лира, дувачки инструменти и разни ударни инструменти. 2000 години подоцна, современите научници конечно сфатиле како да ги реконструираат и изведуваат овие песни со 100-процентна точност.
„Старогрчките инструменти се познати од описите, цртежите и археолошките остатоци, што ни овозможуваат да го утврдиме опсегот на висина што тие го произведувале“, вели Арманд Д'Ангур, музичар и ментор по класична музика на Универзитетот „Оксфорд“.
Сега, научниците дошле до нови откритија за античката музика, што произлегуваат од десетици антички документи напишани со вокална нотација што потекнува од 450 година пр.н.е и се состои од букви и знаци, поставени над самогласките на грчките зборови.
Грците разработиле математички односи на музичките интервали - една октава е 2:1, петтина 3:2, четвртина 4:3 итн.
Како звучи грчката музика? Подолу можете да го
слушнете Дејвид Крис, класичар од Универзитетот во Њу Касл како свири античка грчка песна.. Се смета дека мелодијата ја напишал Сеикилос.