X
 02.11.2018 Култура

„Игра на троновите“ ќе заврши со најголемата битка некогаш видена на телевизија

Последната сезона на „Игра на троновите“ ќе заврши со досега невидена битка на телевизија или на филм. Ова се новите детали за долгоочекуваната и уште потаинствена финална сезона на серијата на Ејч-би-о.

Нема големи спојлери - сè што е откриено е прилично логично - но ако не сакате да откриете ништо за последната сезона, не читајте понатаму.

Според магазинот „Ентертејнмент викли“, првата епизода од последната сезона започнува вака:

серија
Фото: HBO


- Сезоната се отвора во Винтерфел со епизода што содржи многу навраќања на првата епизода од серијата. Наместо пристигнувањето на кралот Роберт, тоа се Денерис и нејзината армија. Она што следува е возбудливо и напнато мешање на ликовите - некои што никогаш не се сретнале, други имале лоша историја - сите се подготвуваат за соочување со неизбежната инвазија на Армијата на мртвите.

Уште еден детал е пристигнувањето на Санса, која не е задоволна што Џон ја прифати Денерис како кралица.

Се разбира, ова е само почеток на приказната, што доведува до моментот што се чувствува уште од првата епизода на серијата: битката помеѓу животот и смртта. Вестерос и Армијата на мртвите. Битката ќе биде најдолготрајната акција што некогаш била прикажана на филм и ќе го заземе просторот на цела една епизода.

- Поминавме 55 ноќи за да ги снимиме отворените сцени на битката на сетот на Винтерфел. Снимањето потоа се пресели во студиото, каде што беше продолжено снимањето на истата битка неколку недели потоа - вели магазинот.

Но, епизода со една битка може да биде прилично досадна. Затоа, во оваа епизода се вклучени пресметките помеѓу повеќе ликови во нивните приказни за опстанок, а секоја има посебен жанр. Во основа, сите се борат во истата битка и секој има сопствена приказна.

Сепак, битката не е крајното финале. Финалето е она што следува потоа.

„Игра на троновите“ се враќа во 2019 година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура