X
 08.12.2018 Технологија

Меѓу поминување време на телефон и храна, студентите го бираат телефонот

Во еден развој на настани кој не треба да не изненади, истражувачите од Универзитетот во Бафало неодамна открија дека студентите повеќе би останале гладни отколку да бидат одделени од телефоните. Иако податоците од студијата ни даваат нови докази дека зависноста од смартфоните нависитна постои, таа баш и не го решава проблемот.

Во серија тестови каде лицата морале да избираат меѓу трошење на замислени пари на поминување време на телефон или на храна, тие ги избрале телефоните.

Во експериментот студентите биле одделени од нивните телефони два часа, а од храната три. На крајот од тој период, тие биле однесени до компјутер каде требало да завршат одредена задача за да заработат или време на телефонот или закуска.  

Чинењето на нештата било мерено на два начина: еден тест вклучувал лажни пари, а неколку минути користење на телефон чинеле до илјада долари заработени од извршувањето на задачите на компјутерот. Другиот тест ја мерел цената во чиста работа, како број на кликови потребни за завршување на одредена задача за да се добие повеќе време за поминување на телефон.

Во речиси секој случај бројот на студенти кои сакале да платат користење на телефонот го надминувал бројот на студенти кои би трошеле на храна. Сепак, истражувачите истакнаа дека се многу изненадени од резултатите.

Дали ова значи дека луѓето се зависни од телефоните? За да се одговори ова прашање потребни се уште студии. Но, запрашајте се, дали некогаш сте биле во состојба да се откажете од храната за да го проверите телефонот? Ако да, изгледа дека не сте сами.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија