Наградата за најдобра кинематографија на престижните Интернационални документарни награди што се одржаа синоќа во Лос Анџелес ја добија нашите кинематографери Фејми Даут и Самир Љума за филмот „Медена земја“. Филмот беше номиниран и во категоријата за најдобар документарен филм, но наградата ја доби „За Сама“ на Ваад ал-Катаеб и Едвард Вотс, приказна за млад брачен пар кој одлучил да живее во Алепо со нивното бебе додека се уште нивните животи се
во опасност.
Интернационалните документарни награди ги доделува Меѓународната асоцијација за документарци. Кинематограферот Фејми Даут и еден од режисерите на филмот, Љубомир Стефанов присуствуваа на церемонијата на доделување на наградите.
Овој филм синоќа ја освои наградата за најдобар европски филм, каде „Медена земја“ исто така беше номиниран.
„Медена земја“ неодамна ја доби и наградата за најдобар фокументарен филм за 2019 што ја доделува Друштвото на филмските критичари на Њујорк. „Њујорк тајмс“ го смести на врвот на листата на најдобри филмови на годината.