„Медена земја“ ја доби наградата за најдобар документарен филм што ја доделува Меѓународното здружение на филмски критичари (NSFC).
Меѓународното здружение на филмски критичари е организација основана во 1966 година, а наградите што ги доделува се сметаат за едни од најпрестижните во Америка.
Во здружението членуваат голем дел од филмските критичари што пишуваат за медиумите „Вол стрит џурнал“, „Њујоркер“, „Бостон Хералд“ и други.
„Медена земја“ освои уште една награда за исклучително достигнување во кинематографијата од „Cinema Eye Honors“.
„Cinema Eye Honors“ е организација што признава извонредност во документарните филмови и вклучува награди за дисциплини во режирање, продукција, кинематографија и монтажа.
Наградите се доделуваат секој јануари во Њујорк и се одржуваат од 2011 година во Квинс.