X
 17.12.2019 Култура

„Медена земја“ во потесен избор за документарец и за странски филм за „Оскар“

Филмот „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов влезе на потесните листи на две категории на наградите „Оскар“. Ова е првпат во историјата на македонската кинематографија еден филм да влезе во потесната листа во две категории.
По „Пред дождот“, ова е првпат Македонија да има филм во потесната листа за категоријата странски филм, а и во категоријата најдобар документарец никогаш не сме биле поблиску до „Оскарот“. Десет филма се избрани на листата за селекција за странски филм. Освен „Медена земја“, избрани се филмови од Чешка, Естонија, Франција, Унгарија, Полска, Русија, Сенегал, Јужна Кореја, Шпанија.



Во категоријата документарен филм „Медена земја“ е во потесна селекција со уште девет филма. Во оваа категорија на документарци беа избрани 15 од пријавени 157 од цел свет. „Медена земја“ се квалификува благодарение на победата на фестивалот „Докавив“ во Тел Авив, Израел. 



Конечната листа со номинирани ќе биде соопштена на 13 јануари, а „Оскарите“ ќе се одржат на 9 февруари 2020 година. 




Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура