X
 27.08.2016 Технологија

На кој начин wi-fi рутерот може да ве шпионира?

2

 

Модерниот начин на живот не' направи зависни од технологија,  а скоро секој момент на нашите телефони, таблети, лап топи и останатите чуда од технологијата, ги проверуваме нашите меилови, спортските резултати, најновите вести, објавите на социјалните мрежи и многу други онлајн активности.


Сакаме, во секој момент без оглед на тоа каде сме, да имаме пристап до сите посакувани и потребни информации и податоци.

За да се приклучиме онлајн нашиот уред треба да се поврзи со рутерот - тој испраќа барања за информации кои ние ги примаме. Но, тој исто така собира податоци за тоа како неговите сигнали патуваат низ воздухот и дали постојат некои препреки или пречки за време на испраќањето.

На тој начин може да се следат луѓето, како тие се движат низ просторот на wi-fi сигналот и како нивните тела влијаат врз него. Анализирајќи точни начини на кои е изменет wi-fi сигналот кога човек се движи околу него, истражувачите можат да „видат“ што некој на пример пишува со својот прст во воздухот, а може и да идентификува одредена личност со помош на начинот на кој се движи. Сето ова е возможно дури и ако рутерот не е во иста просторија каде личноста се наоѓа.

Истражувачите од Нортвестерн универзитетот во Кина објавија истражување во кој идентификувале луѓе преку wi-fi сигналот. Системот кој научниците го нарекле „FreeSense“ прво требало да ја запомни формата на телото на личноста за подоцна да може да го идентификува.

Откако го запомни, системот во 95% од случаите точно погодувал кога одредена личност поминувала низ дадената област. Научниците сметаат дека оваа технологија може да се искористи во паметните домови и кога одредена личност ќе влезе во просторот да се прилагоди светлината и уредите според желбите на личноста.

Научници од Австралија и Велика Британија на сличен начин идентификувале личности со помош на начинот на кој одат и тоа со 93% точност кога станува збор за избирање меѓу две личности, и со 77% точност при избирање меѓу шест личности. Научниците сметаат дека ова е одлично решение за алармите за крадци.

Други научници, од Институтот за технологија во Масачусетс на овој начин успеале да идентификуваат луѓе кои стоеле позади ѕидот и со следење на нивните отчукувања на срцето со 99% точност ја погодиле вистинската личност.

Други истражувачи пред две години претставија технологија која може да „слушне“ што луѓето зборуваат анализирајќи ги дисторзиите и рефлексиите во wi-fi сигналите кои се случуваат за време на движењето на усните. И неверојатно, ова беше успешно со 91% точност кога зборува една личност, и 74% точност кога зборувале истовремено три личности.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија