Мала држава во Пацификот сака да го промени името наместо она што го има сега, ставено во чест на британскиот истражувач Џејмс Кук.
Можно е Куковите острови веќе да не постојат, барем не под тоа име.
Малата пацифичка нација, инаку популарна егзотична дестинација меѓу туристите, размислува да го промени името за веќе да не ја поврзуваат со капетанот Џејмс Кук. Наместо тоа, сака име што ќе го отсликува нејзиниот идентитет.
- Многу сум среќен што ќе побараме некое традиционално име кое подобро ќе го отсликува правото на културата на Полинезија и нашите островски нации - вели заменик-премиерот Марк Браун.
Во намерата да се заборави на колонијалното минато на островот е организиран и состaнок со поглаварот на главното племе Па Марие Арики. Предложена е листа со 60 имиња кои јавно ќе бидат номинирани, а народот потоа ќе избира
фаворит.