На плоштадот во Приштина минатата недела беше организирана петиција со цел собирање 10 илјади потписи со кои би се поднела иницијатива во косовското собрание за промена на името на Косово во Дарданија.
Косовските медиуми пренесоа дека по Приштина, потпишување на петицијата ќе биде организирано и во други градови во земјата.
Според пишувањата на Еуроњуз - Србија, идејата Косово да се преименува според римската покраина станала актуелна по објавувањето на колумна на Рамиз Селими насловена „
Преименувањето на Косово во Дарданија - последен чекор кон суверенитет и целосен идентитет“. Во колумната, објавена на порталот „Бота прес“, новинарот ги образложува причините за оправданоста на промената.
Според
електронските енциклопедии, Дарданија била античка држава на просторите на Балканскиот Полуостров, на подрачјето на денешно Косово, денешна Јужна Србија и северозападниот дел на денешна Македонија и денешна Источна Албанија. Најголеми населби во тоа време биле Naissus (Ниш), Therranda (Призрен), Vicianum (Вучитрн), Skopi (Скопје) и главниот град Дамастион.
Насловна фотографија: Freepik