Пред девет години се случи една од најголемите мистерии во историјата на авијацијата - исчезна авион на „Малезија ерлајнс“. Нов документарен филм на „Нетфликс“ се обидува да открие што се случи со овој авион.
Документарниот филм „МХ370: Авионот што исчезна“ (MH370: The Plane That Disappeared) има три дела, а се занимава со сите можности за исчезнувањето на авионот. Во него се констатира и дека ништо од она што се случило не било случајно.
Авионот полетал од Куала Лумпур утрото на 8 март со вкупно 227 патници и 12 члена на екипажот. Авионот исчезнал по напуштањето на малезискиот воздушен простор.
Дали станува збор за убиство или самоубиство на пилотот? Дали Русија го срушила авионот за да го сврти вниманието од истовремената инвазија на Крим? Дали авионот требало да биде сопрен од САД пред да стигне во Кина, каде што бил насочен? На овие прашања одговараат повеќе соговорници во документарниот филм.
Извор:
Bonitet
Насловна фотографија: Pixabay