Се прашувате дали вештачката интелигенција може да ви ја земе работата? Не сте единствени.
Вештачката интелигенција е создадена за да ги копира човечките вештини и да ги автоматизира човечките задачи. Група професори од американски универзитети напишале труд во кој анализираат како вештачката интелигенција како „Чет ГПТ“ може да влијае врз пазарот на трудот.
Професорите откриваат дека таквите софтвери може да ги заменат професиите како продавачи преку телефон, но и професорите по мајчин јазик, странски јазици и историја. Под ризик се и професии што нудат правни услуги и инвестициски услуги.
Во трудот професорите користеле методологија развиена во 2018 година заснована на промените на професиите поради напредокот на вештачката интелигенција помеѓу 2010 и 2015 година.
Извор:
Futurism
Насловна фотографија: Pixabay