X
 28.07.2026 Живот

Илон Маск тврди дека со помош на вештачка интелигенција ќе направи „Одисеја“ која ќе биде „историски точна“

Илон Маск, кој го критикуваше филмското остварување „Одисеја“ на Кристофер Нолан, напиша дека неговата алатка за вештачка интелигенција „Грок имеџин“ ќе направи долгометражна верзија на старогрчката поема на Хомер која ќе биде „историски точна“.

Тој додаде дека верзијата со вештачка интелигенција на „Одисеја“ ќе биде завршена до крајот на 2026 година, точно навреме за сезоната на филмски награди.

- Пред да заврши оваа година, „Грок имеџин“ ќе направи долгометражен филм „Одисеја“ кој ќе биде историски точен и верен на уметноста на Хомер - напиша Маск, покрај 3-минутниот исечок од „Одисеја“ генериран со вештачка интелигенција, кој го објави еден корисник на „Х“.

Со оглед на тоа што во „Одисеја“ се појавуваат киклоп, шестоглави чудовишта и вештерка која морнарите ги претвора во свињи, и дека се работи за еп стар речиси 2.800 години кој се смета за фикција, прашањето колку некоја верзија на таа приказна, без оглед дали е направена од вештачка интелигенција или од човек, може да биде „историски точна“, веројатно ќе предизвика дебати.

Се претпоставува дека Маск, пред сѐ, мисли на расниот аспект, со оглед на тоа што беше еден од најгласните критичари за изборот на Лупита Нионго за улогата на Елена Тројанска. Во март напиша дека Крис Нолан е расист против белците, тврдејќи дека ја ангажирал Нионго затоа што сака награди. Иако тоа не е потврдено, целосно белата актерска екипа во краткиот филм со вештачка интелигенција што Маск го сподели на мрежата „Х“ изгледа поблиску до она што тој би го сакал.

Маск поддржуваше трансфобични објави насочени против Елиот Пејџ, за кого многумина првично тврдеа дека ќе го игра Ахил. Подоцна беше потврдено дека Пејџ го толкува ликот на Синон.

И покрај критиките на Маск упатени кон филмот „Одисеја“ пред неговото излегување, остварувањето се покажа како голем успех за студиото „Јуниверзал“ и, според сите показатели, е на пат да стане комерцијално најуспешниот филм на Нолан досега. За време на првиот викенд од прикажувањето заработи дури 264 милиони долари и се очекува во наредните недели таа заработка да се зголеми.

Извор: 021.rs
Фото: Screenshot/Twitter

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот