Како го започнувате утрото го одредува тонот на остатокот од вашиот ден, такашто вашата утринска рутина е доста важна, особено кога сте задолжени за цела компанија.
Се прашувате какво е утрото на успешните претприемачи? Во продолжение ви ги претставуваме утринските навики на најуспешните претприемачи.
1. „Прво тешките работи - Со ова започнувам наутро. Нештото од кое најмногу се плашам да го направам е и првото нешто кое сакам да го направам за во текот на денот да не морам да се соочам со него - Ненси Клири, издавач и сопственик на „Wyatt-MacKenzie Publishing“.
2. „Веќе сум станата во 6 часот наутро. Обично се освежувам и медитирам пред да го проверам меилот и социјалните медиуми“ - морам да кажам дека е доста примамливо. Потоа јас вежбам јога најмалку половина час. Времето поминато сама ми помага да продолжам во текот на денот“ - Кејт Спасиќ, основач на „Bikes & Humans“
3. „Како основач на глобална фирма за инвестициски менаџмент се будам неколку пати во текот на ноќта за да го проверам пазарот. Крајното време за будење е 5.30 часот - поминувам време со моето семејство и моите кучиња. Рано наутро, пред да одам во канцеларијата, ова е одлично време за собирање на мислите и планирање на целите за останатиот дел од денот“ - Џозеф Хослер, лидер во „Auour Advisory“.
4. „Одам на утринско џогирање. Без одредена далечина ниту време - го местам алармот во 5.30 часот, станувам, ги ставам тренерките и трчам се` додека не се уморам“ - Нил Ендру, директор и основач на „Piccana“
5. „Мојата прва работа наутро, во 6.00 часот е пиење чај и организирање на постовите на социјалните медиуми. Потоа следува секојдневната борба на станување на двајца тинејџери од кревет и 15 минутен појадок поминат во разговор со мојата сопруга“ - Крис Муреј, основач на „Varda Kreuz Training“
6. „Откако ја прочитав книгата „Тhe Miracle Morning“, започнав да се будам еден час порано за да го започнам мојот утрински ритуал. Наутро ги извршувам активностите за личен развој како што е медитација, пишување на афирмации, визуелизација, читање, пишување дневник и вежбање“ - Талаја Валер, основач на „Waller & Company“
7. „Еднаш зедов курс по креативно пишување, а професорката ми рече дека најкреативното време е кога ќе ги отвориш очите, уште пред да посегнеш по алармот. Токму затоа секој ден, првото нешто што ќе го направам е пишувањето“, Ерика Филд, извршен директор на „Wagdrobe“
8. „Првото нешто што го правам наутро е пливање. Се фокусирам на моето дишење кое создава медитативно, релаксирачко чувство“ - Нет Васерстејн, генерален директор на „Lindenwood Associates“
9. „Се будам во 5.30 часот секој ден и директно одам во канцеларија. Започнувам да работам колку што е можно поскоро“ - Ден Шур, сопственик на „Evolving SEO“
10. „Се будам во 4.23 часот за вежбање во 5 часот. Тешко е, но чувствувам дека сум постигнал нешто што мислев дека не можам“ - Maјк Страта, основач и извршен директор на „Arcalea“
11. „Првото нешто што го правам наутро е шолја кафе и пишување барем на една страна во дневникот за тоа што научив од водење на бизнисот претходниот ден“ - Алекс Кер, основач на „Wander“
12. „Првото нешто што го правам е ништо! Сериозно, важно е да имаш време да размислиш за денот пред да станеш. Ова е медитативно за мене и токму овој период од денот ги добива моите најдобри и најуспешни идеи“ - Џенис Селест, основач на „Encore Entrepreneur Institute“
13. „Првото нешто што го правам наутро е тоа што останувам во кревет. Постои магично време помеѓу спиењето и будењето кое ми дава јасност. Најпрво мислам на тоа што ќе направам во текот на денот за денот да биде продуктивен, а потоа талкам и размислувам за проблемите со кои ќе се соочам“ - Вејн Гатрајт, претседател на „Tennat File“
14. „Првото нешто што го правам наутро е тоа што ја бакнувам мојата сопруга. Моето семејство е мојата основа и суштина. Потоа медитиран 15 минути за да извлечам позитивна енергија и да го поставам тонот на останатиот дел од мојот ден“ - Кен Колис, извршен директор и сопственик на „TLK Fusion“
15. „Го местам креветот. Ми помага да го започнам денот знаејќи дека веќе нешто е направено“ - Бред Куминс, основач на „Local Life Agents“
16. „Свирам на пијано. Свирењето на инструмент научно е докажано дека ја вклучува секоја област од мозокот наеднаш. Всушност, тоа е ментална вежба на мозокот“ - Џин Кабалеро, ко-основач „GreenPal“
17. „Мојата утринска навика е преглед на мојата визија. Ова ми служи како потсетник дека одам кон иднината. Мојата визија го утврдува текот на мојот ден преку осмислување на практични чекори како да стигнам до целта“ - Артика Тајнер, адвокат, писател и едукатор
18. „Имам табела која ја пополнувам за тоа кои луѓе треба да ги контактирам, луѓе кои очекувам да ме побараат и трите најважни проекти на кои работам“ - Дастин Колтроп, ко-основач „iCare Phone Repair“
19. „Првото нешто што го правам наутро е тоа што ја слушам природната средина. Гледам дали мојот син и мојот сопруг се разбудени. Ме релаксира кога ги слушам нивните разговори во кујната. Ме мотивира да станам и да се приклучам на разговорот“ - Дебора Балардини, ко-основач на „Punto“
20. „Имам дигитален дикатофн и во текот на денот снимам што треба да направам, како и важните мисли и инспирацијата. Секое утро, седнувам на компјутер ги слушам мислите од претходниот ден и започнувам со испраќање меилови и создавање на потсетници“ - Ричард Шејн, основач на „Sleep Easily“