Нормата во Јапонија може да биде изненадување на секое друго место. На пример, сите ученици во основно училиште во Јапонија треба да носат „рандосеру“, ранци што ќе ги носат во наредните 6 години.
Ова се уште некои работи што ќе ви дојдат како изненадување, а за Јапонија се сосема нормални.
1. Каналите за дренажа во Јапонија се толку чисти, што во некои дури има и риби
Фото: Imgur
Добро познат е фактот дека Јапонија е чиста земја. Но, кои-рибите што живеат во дренажните канали во Јапонија ја доведуваат чистотата на сосема ново ниво.
2. „Дали ќе ми ја переш долната облека?“ е предлог за брак
Фото: Shutterstock
За некои од нас ова може да звучи навредувачки, но за Јапонците тоа значи дека еден маж толку многу ѝ верува на жената што ќе ѝ дозволи да ја испере неговата најприватна сопственост.
3. Очилата за сонце ги носат само познатите личности
Кога е сончево и им пречи сонцето, Јапонците повеќе користат чадори отколку очила за сонце. Овој моден додаток се смета дека треба да го носат само луѓе со висок стил, познатите личности и странците.
4. Тeстенините треба да се јадат гласно
Иако јапонската култура главно е тивка култура, Јапонците веруваат дека тестенините треба да се јадат гласно. Оправдувањето што го користат е дека смукањето ги лади тестенините.
5. „Дали ќе ми правиш мисо супа секој ден?“ исто така е предлог за брак
Жените од другите култури би помислиле: „Дали тој бара да му бидам готвач?“, но ова е индиректен начин за предлог за брак. Јапонците пијат мисо супа секој ден, но секој дом ја сака различно приготвена. Овој предлог значи дека личноста ви го доверува еден од најважните делови од секојдневните оброци.
6. Адвокатите носат посебен златен беџ
Во други земји адвокатите имаат бизнис-картички што покажуваат дека се квалификувани, но во земјите како Кореја и Јапонија адвокатите носат посебни беџови на нивните костуми.
7. На многу малку места постојат канти за ѓубре, а сепак е многу чисто
Често туристите се изненадени што нема многу канти за ѓубре во една толку чиста земја. Кантите за ѓубре обично ги има покрај aвтоматите. Некои канти за ѓубре покрај продавниците може да ги користат само продавниците. Јапонците имаат навика да чистат зад себе и обично си го носат ѓубрето дома за да го фрлат во нивните канти за ѓубре.
8. Кимоното со долги ракави е само за немажените девојки
„Фурисоде“ или кимоно со долги ракави го носат само немажените девојки. Обично го носат кога полнат 20 години, возраст што означува полнолетство во Јапонија.
9. Наместо хороскоп, за опишување на карактерните црти на една личност се користи крвната група
Додека во другите земји луѓето ве прашуваат за вашата крвна група само поради медицински причини, во Јапонија крвната група се користи за да се прикажат карактеристиките на една личност. Крвната група А го претставува поголемиот дел од јапонското население и се смета дека луѓето со оваа крвна група се добро организирани и срамежливи. Луѓето со крвна група О се оптимисти и амбициозни, додека луѓето со крвна група АБ се ексцентрични, а оние со крвна група Б се себични.
10. Го користат истиот збор за „да“ и „не“
Фото: Pixabay
Зборот за „да“ е „хаи“, а за не е „иие“. Но,
Јапонците често користат „ии десу“ или „кеккоу десу“, што значи и да и не. Како ќе знаете кое е? Ќе мора да обрнете внимание на контекстот и начинот на кој е кажано. Интонацијата и гестикулациите покажуваат што мисли тој што зборува.