X
 16.02.2016 Здравје

Навики кои постепено го оштетуваат мозокот

Сите сме свесни дека некои од нашите навики не се здрави, но не знаеме дека некои полека го уништуваат нашиот мозок. Тоа се следниве навики.


Прескокнување појадок

Повеќето луѓе кои го прескокнуваат појадокот имаат пониско ниво шеќер во крвта. Доколку не појадувате, вашиот мозок нема да има доволно хранлив материјал, што доведува до дегенерација на мозокот.

Прејадување

Луѓето кои јадат премногу, исто така, може да имаат проблеми со мозокот. Прејадувањето може да доведе до затврднување на артериите, пишува „6yka“. Тоа предизвикува намалување на менталната моќ.

Пушење

Оваа навика може да остави негативни последици на вашиот мозок. Пушењето може да предизвика намалување на мозокот и да доведе до Алцхајмерова болест.

Висока консумација на шеќер

Консумацијата на премногу шеќер ќе ја прекине апсорпцијата на протеини и хранливи материи и ќе му пречи на развојот на мозокот.

Загаден воздух

Излегувањето надвор на загаден воздуг е штетен за мозокот и може да ја намали ефикасноста на овој орган. Засадете дрво во градината или растение во домот за да дишите почист воздух во домот.

Покриена глава во сонот

Кога спиете, не ја покривајте главата бидејчи тоа може да го зголеми нивото на јаглерод диоксид и намали концентрацијата на кислород во мозокот. Ова може да остави негативни последици.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје