X
 09.04.2018 Технологија

Илон Маск препорачува да го гледате овој документарец

Сите знаеме дека Илон Маск е едно од најпознатите имиња на полето на технологијата, па затоа ни е важно неговото мислење.

Тој неодамна на својот профил на „Твитер“ објави документарец за кој мисли дека е точен.

Документарниот филм наречен „Дали му верувате на овој компјутер“ е особено релевантен поради неодамнешниот скандал поврзан со „Кембриџ аналитика“ и крадењето на податоците на „Фејсбук“. Со толку податоци што добиваат „Фејсбук“ и „Гугл“, сигурно светот се прашува што прават компаниите со овие информации. Твитот на Илон вели дека ништо нема толку да влијае врз иднината на човештвото колку дигиталната суперинтелигенција. Дали треба да бидеме исплашени?

Резултатите, како што вели документарецот, се страшни. Според овој филм, во период од 3 до 5 години ќе постои вештачко интелигентна програма за учење што ќе може да сфаќа исто како луѓето - еден вид „Мислам значи постојам“. Исто така, документарецот вели дека луѓето наскоро нема да имаат работа во медицината, бизнисот, па дури и во новинарството.

Во една незаборавна сцена гинекологот признава дека неговата практика користи робот за извршување на 150 хистерктомии на ден, додека самиот доктор признава дека извршува само една на годишно ниво.

Документарецот можете да го погледнете ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија