X
 31.03.2020 Економија

Три можни сценарија за економската криза предизвикана од коронавирусот

Државите низ светот веќе се соочуваат со економска криза поради ширењето на коронавирусот. Многу експерти предвидуваат глобална рецесија, а некои се оптимисти и сметаат дека доколку државите преземат соодветни мерки навреме, излегувањето од кризата нема да биде толку тешко. Мајк Осаливан за „Форбс“ посочува три можни сценарија за излез од кризата.

Велигден

Според ова оптимистично сценарио, за кое шансите да се реализира изнесуваат 25%, резултатите од изолацијата во Европа веќе почнуваат да се покажуваат. Ветува и брзината за наоѓање третман и вакцина и ликвидноста на централните банки го намалува негативниот ефект на падот на берзите. Соодветно, работниците, компаниите и владите ќе почнат да разбираат колкава е кризата и ќе знаат како да се соочат со неа. Во Европа ќе почне бавно враќање во нормала, а во САД тоа ќе се случи доцна во април. Берзите ќе забележат пораст во октомври, а Доналд Трамп ќе остане во Белата куќа.


Фото: Pixabay

Лето

Ќе има дебати за изолацијата во врска со нејзините етички, економски и политички основи. Тешко е да се имплементира низ САД, а уште потешко во неразвиените земји. Според ова сценарио, чии шанси за реализација изнесуваат 55%, ситуацијата во врска со бројот на заразени и макроекономските показатели само што почнува да се подобрува во средината на летото. Како резултат на ова, многу бизниси ќе се затворат или ќе бидат пред банкрот, и покрај државната помош. Истовремено, инвестирањето во понови индустрии, како податоци, медицинска технологија и дигитални финансии, ќе се зголемува. Сепак, големата невработеност ќе биде проблем и во 2021 година.


Фото: Pixabay

Зима

Според ова песимистичко сценарио, кое има 20% веројатност дека ќе се реализира, голем дел од пазарот на труд во светот ќе биде погоден од вирусот, а вторите бранови на ширење се очекувани. Ќе има општествени и политички проблеми, како и проблеми со дипломатските односи помеѓу некои земји. Монетарните и фискалните мерки не се доволни за да ги решат проблемите со банкротирањето и невработеноста. Ќе бидат погодени и пазарот со недвижности и брокерските куќи.

Автор: Мајк Осаливан
Извор: forbes.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија