X
 09.04.2020 Наука

Изолираната куќа на НАСА во која престојуваат астронаутите

Астронаутите се дисциплинирани и се тренираат за да бидат способни за решавање комплицирани проблеми во тешки услови. Сепак, тие се луѓе како и сите нас и понекогаш сакаат да избегаат од сите проблеми и обврски. Во денешно време тоа е предизвик за многумина од нив бидејќи се славни на светско ниво. Но треба да се знае дека многу астронаути имаат можност да избегаат од светот „криејќи се“ во една изолирана куќа во сопственост на НАСА.

Вселенската агенција ја чува малата куќарка во Флорида од 1963 година. Јавноста не може да стигне до куќата, но сите астронаути може да ја користат. Низ историјата многу астронаути се собирале во оваа куќа со пријателите и семејството пред да тргнат на мисија.


Фото: NASA

Куќата на плажа била изградена во 1962 година, а НАСА ја купила следната година. Таа се наоѓа на државно земјиште, а астронаутот Ричард Мјулен во својата книга напишал дека куќата била изолирана исто како Марс.

На почетокот куќата се користела за преспивање од страна на вработените што работеле на мисиите во вселенскиот центар „Кенеди“ во близина. Набрзо таа станала и центар за дружење. Астронаутите можеле да ја користат сами или во група. Многу преспивале тука со семејствата. Во куќата престојувале и политичари и дипломати, а денес во неа се одржуваат средби на владини организации.


Фото: NASA

Во моментов ниту еден астронаут не ја користи куќата, според вселенскиот центар „Кенеди“. Но, тоа може наскоро да се смени. Сепак, НАСА сака повторно да испрати човечка мисија на Месечината до 2024 година.

Автор: Марк Мансини
Извор: howstuffworks.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука